Категории

Австралијанец пронашол змија во кесичка салата која ја купил во маркет

Австралијанецот Алекс Вајт пронашол жива, отровна змија во зелена салата купена во супермаркет во Сиднеј.

Мислеше дека станува збор за црв, сè додека не виде јазик на змија.
„Целосно полудев кога видов како овој мал јазик излегува од устата и почна да се движи и сфатив дека тоа е змија бидејќи црвите немаат јазик“, рече Алекс.

Станува збор за отровна змија од ендемичните видови што е завиткана во пластика со салата на дури 840 километри од Сиднеј, каде што ја купил салатата. Официјалните лица претпоставуваат дека змијата била во мирување сè додека Алекс не ја купил. Пластичната кеса беше искината и змијата можела да излезе, а од спасувачката организација што подоцна дојде по змијата, на Алекс му беше кажано дека ако змијата го каснела, ќе мораше веднаш да оди во болница. Ланецот Алди во кој е купена салатата истражува како се случил инцидентот. Змијата ќе биде вратена во Квинсленд следната недела според прописите со кои се бара од поединецот да се врати во своето природно живеалиште.

Прегледи:
620
Објавено на:
19.04.2021