Категории

Австрискиот град Халштат е толку убав што Кинезите создадоа негова копија

Сокриен длабоко во планината Дахштајн, во близина на Салцбург, се наоѓа малиот град Халштат што е толку шармантен бидејќи изгледа како штотуку да излегол од бајките.
Овој мал австриски град, е сместен на студеното сино истоимено езеро што се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.

Иако во зима до него допираат многу малку сончеви зраци и температурата често пати се спушта под нулата, заади што може да се заклучи дека престојот на ова место е најдобро да се одбегне, многумина го сметаат за најсовршеното место на планетата.
Во што се крие неговата тајна?

Одговорот е во солта. Халштат претставува еден од најстарите познати рудници за сол во светот, од кој овој драгоцен минерал се ископува со илјадници години.

Понатаму, архитектурата на градот и прекрасно уредениот плоштад го одземаат здивот, па Халштат со причина ги мами бројните туристи и фотографи од ширум светот.

За овие квалитети биле свесни и Кинезите, па во 2011 година една рударска компанија изградила реплика на целиот град во покраината Хенан. Поединци во Австрија биле скептични за овој проект, но градоначалникот на Халштат во него видел одлична прилика за развој на туризмот, па лично присуствувал на неговото отворање во индустрискиот град Луојанг.

Денеска илјадници Кинези годишно го посетуваат австриското градче за да му покажат почитување на оригиналниот Халштат, пишува „Хафингтон пост“.

Прегледи:
728
Објавено на:
14.01.2016