Чек дис аут
Search


АВТЕНТИЧНО КУБАНСКО ДОЖИВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – „ХОЛА ОХРИД“

Оваа година Охрид ќе биде домаќин на петтиот по ред, меѓународен, кубански и танцов фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Овој веќе познат настан ќе се одвива во периодот од 26 до 28 јули, во хотелот Конгресен Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино-диџеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија, Бугарија и Полска. Фестивалот официјално ќе го посетат речиси 400 гости од Македонија и од странство, од кои голем дел доаѓаат од Европските земји.

Дневната програма ќе опфати едукативни работилници од танцов карактер, ќе се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда де Казино и многу други. Вечерната програма се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот, а сепак ќе сакаат да уживаат во шоуто што ќе го понудат артистите. Во програмата на фестивалот е организирана и тура преку која гостите ќе добијат можност да ги откријат убавините на градот Охрид.

Очекувањата на организаторите се исполнети за овие 5 години, каде настанот „Хола Охрид“ зазема посебно место на македонската танцова сцена и веќе е традиција на градот Охрид.

За организаторите на настанот

Нина Лековска и Димитар Мишев, како главни организатори, се танцови инструктори повеќе од 10 години. Заедно со група од уште 7 танчари/инструктори успешно го реализираат и  организираат овој настан. Во нивната заедничка танцова приказна имаат остварено посета и учество на голем број танцови фестивали од кубански карактер надвор од нашите граници, како во Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Тунис, и други, што и воедно е извор на нивната мотивација за една ваква уникатна идеја да ја реализираат во Македонија и истата таа да ја претворат во традиција. За реализацијата на овој фестивал, секако, заслужна е и армијата од танчари, кои со нивната пасија кон танцот допринесуваат за успехот на Хола Охрид.




Коментари

коментари