Автобуска станица претворена во топол дом за бездомни кучиња!

Вработените во автобуската станица им обезбедија дом на кучињата, познати како Зоино, Питоко и Макс. Се погрижија да имаат со храна и вода, а исто така, им дадоа на кученцата три кревети изработени од стари гуми и покриени со удобни ќебиња, така што слаткото трио може да остане на топло низ студените ноќи.

Овој чин на љубезност беше забележан од страна на Фабијане Роса, локален политичар и љубител на животни кој објави неколку фотографии од кучињата, кои сите се превртуваа во ќебето а оваа прекрасна глетка набргу стана вирална.

Освен пофалба на вработените во автобуската станица за нивниот чин на великодушност и љубов, во неговиот напис, Роса напиша: „Овие кучиња имаат многу попристоен живот од оние што се жртви на малтретирање и запоставување, скриени зад ѕидовите”.

Оваа приказна може да служи како инспирација за другите луѓе и компании да ги отворат своите срца, да покажат љубов кон кучињата скитници и да го следат овој благороден чин.

Запомнете: Малите дела на љубезност и великодушност имаат моќ да го направат светот во кој живееме на подобро место.




Коментари

коментари