Автомобил кој сам се вози? Звучи неверојатно, но Mercedes-Benz го претставија на јавноста

Звучи неверојатно, а изгледа како од филмовите за научна фантастика, но за Мерцедес ова е плодот од големи вложувања во иновативна технологија.

Овој најнов концепт на автомобил, наречен Vision Tokyo е хармониен и интелигентно поврзан од Mercedes-Benz. Има камера која се врти 360 степени, погон со горивни ќелии, кој се комбинира со плаг ин хибриден систем, со компактна батерија со висок напон и многу сини лед светла кои дополнително и даваат футуристичен изглед.

Електричниот систем има вкупен опсег од 980 километри, со опција од 190 километри само на батерија.

Еве го овој автомобил низ улиците на Сан Франциско:

Mercedes F 051 Self Driving concept car hitting the streets of San Francisco

Posted by WhereCoolThingsHappen on Sunday, October 25, 2015




Коментари

коментари