Автомобил Мерцедес произведен 1985 година се продава за 57 000 долари (галерија)

Автомобил Mercedes Benz 500 SEC AMG модел произведен во 1985 година се продава за 57 000 долари на интернет.

Овој олд тајмер има поминато само 16 093 километри и буквално е во перфектна состојба, а се продава на популарниот сајт eBay за 57 000 долари. Автомобилот поседува 5.0 литарски V8 мотор кој произведува 230 коњски сили. Со моторот е поврзан четворостепен автоматски менувач кој бил многу редок за тоа време и ја зголемува вредноста на автомобилот.
Овој автомобил не поминал низ никакви механички модификации, но има оригинални AMG каросериски делови. Предниот и задниот браник и вшмукувачите за воздух се дополнително додадени на автомобилот, затоа што овој автомобил оригинално не содржел такви делови, но бидејќи се работи за оригинални AMG делови, вредноста на овој автомобил не е загрозена.
Ентериерот е во неверојатна состојба и кога би седнале во автомобилот не би можеле да поверувате дека е направен во 1985 година.
Мерцедесот се уште не е продаден.




Коментари

коментари