Чек дис аут
Search


Баба Ванѓа: 10 важни совети за добро здравје

Ванѓа е еден феномен кој можеби никогаш нема да може да биде објаснет или разбрана. Приказните за неа се бескрајни, а луѓето на кои им помогнала – безбројни.
Ова се 10 од највредните совети за добро здравје и правилна исхрана кои секој мора да ги почитува, според Ванѓа.

1. Немојте да ја труете земјата – таа ни е храна! Луѓето се разболуваат од рак, се појавија какви ли не болести … вразумете се, инаку ќе страдате!

2. Цветовите се живи суштества, не кинете ги ! Тие емитуваат енергија, даваат сила. Можете да дознаете дали во една куќа владее љубов и хармонија по цвеќињата кои растат во неа.

3. Светот започнал со билки – запомнете го тоа! Но, билките на секоја земја ги лекуваат само луѓето кои живеат на тоа тло! Секој треба да се лекува со билките од своето поднебје!

4. Запомнете – Лекарствата ги затвораат вратите низ кои можат да влезат билките и да го излекуваат болниот организам. За секоја болка има билка!

5. Никогаш не претерувајте со хемикалиите и ѓубривата, бидејќи од храната ќе направите отров!

6. Дури и да сте болни, не плашете се! Имајте вера – тоа ќе ве излечи!

7. Медицината може да направи чуда, но и Бог прави чуда!

8. Повеќето болести доаѓаат од настинка. Затоа не седете на провев, не стојте на влага и не пијте ладна вода.

9. Не бидете нервозни, не живејте со страв! Ако треба, посетете невролог, одете на лековити бањи, смирете се! Со страв не се живее!

10. Уште пострашно од најлошата болест е очајот! Не очајувајте, бидејќи тоа разјадува однатре. Гледајте на животот ведро!




Коментари

коментари