Категории

БАБО, ИАКО НЕ СИ ТУКА, ЈАС СЕ УШТЕ ТЕ САКАМ!

Бабо, иако не си тука, јас се уште те сакам. Надвор врне. Седам под прозорецот, завиткана во ќебе, со шолја чај во рацете и се прашувам, каков би бил мојот живот без тебе, бабо?

Имав само 12 години кога ме напушти и си отиде во рајот. Сега си мојот ангел чувар кој секогаш е покрај мене. Се уште плачам кога се сеќавам на моментите поминати заедно.

Иако имаш многу внуци кои тагуваат по тебе, знај дека јас те сакав најмногу и дека мене ми е најтешко без тебе. Се прашувам како ќе го продолжам животот без тебе. Деновите и ноќите ги поминувавме заедно, правејки глупости и смеејки се за истите.

Се уште имам надеж дека еден ден ќе се вратиш и се ќе биде како порано, иако сите ми кажуваат дека тоа не е возможно. Ти благодарам што беше со мене во секој момент, ти благодарам за секој совет и за се што направи за мене.

Ти благодарам што беше до мене кога го кажав првиот збор, кога го направив првиот чекор и кога ја напишав првата буква. Бабо, ти ме научи како да се соочувам со проблемите и како да чекорам право во животот. Ти благодарам што ме направи човек. Знај дека ќе те сакам до крајот на мојот живот и дека засекогаш твоето место во моето срце ќе остане само твое.

Анонимна читателка

Прегледи:
1431
Објавено на:
20.09.2016