Категории

„Baby Boo“: Ателје за декорации кое создава незаборавни моменти за најмилите

Децата се најголемата среќа на овој свет, а ние постојано треба да се обидуваме да го разубавиме нивното секојдневие. Нивната радост е најискрена, а токму поради тоа изненадувањата подготвени за нив се непроценливи.

Оттука и мотивот за создавање на „Baby Boo“, онлајн ателје специјализирано за изработка на најразлични видови декорации. Александра, девојката која стои зад целата „Baby Boo“ бајка за среќа.мк раскажува за своите почетоци, идејата и креативноста која е составен дел од нејзината работа.

„Приказната за „Baby Boo“ започна сосема спонтано, а прерасна во едно интересно онлајн ателје за декорации кое го радува Скопје веќе 5 години. Нашата примарна дејност се роденденските слатки масички и балонските декорации за секаков тип на прослави, но и помали декорации од типот на столбови со балони, хелиумски балони, декорирани тематски мафинки како подарок, разни декорирани подароци и сѐ она што може да измами насмевка кај клиентите и кај оние на кои им се приредува изненадувањето.

Нашиот мотив е детската насмевка и среќата во нивните очи, а мојата најголема инспирација е мојот внук Никита, за него сите изработени декорации се надвор од сите мои досегашни имагинации. Љубовта диктира, рацете само го изведуваат замисленото“, вели Александра.

За уште многу среќни поводи, израдувајте ги вашите најмили со совршени декорации кои ќе измамат насмевка на нивното лице. „Baby Boo“ врши достава и во карантинските денови. Доколку сѐ уште немате идеја, погледнете ја фејсбук страницата на онлајн ателјето „Baby Boo“ и нарачајте сѐ што ви е потребно за да ги изненадите вашите деца, внуци, пријатели.

Прегледи:
1918
Објавено на:
06.05.2020