Бајадера од пилешко месо

Пикантно јадење од пилешко бело месо и сув врат се одлична комбинација за послужување во посебни прилики…

pileska-bajadera-naslovna-810x540

Состојки:

2 големи парчиња пилешко бело месо
200 грама димен сув врат
150 грама тост кашкавал
3 јајца
200 милилитри павлака
Сенф
2-3 чешниња лук
Бибер
Подготовка:

Белото месо одвојте го од коската, исечете го на шницли и исчукајте го.

Сувиот врат исечете го на тенки листови. Огноотпорниот сад премачкајте го масло.

Наредете ред бело месо, ставете бибер и премачкајте го со сенф и ставете малку ситно сецкан лук. Потоа наредете врат, а врз него кашкавал, посолете и ставете бибер по желба.

Изматете ги јајцата и павлаката и прелијте преку месото. Печете околу саат време на 220 степени.

Оставете добро да се излади па сечете на коцки или правоаголници.

И тоа е тоа, веруваме дека ќе ги импресионирате гостите со ова вкусно предјадење.




Коментари

коментари