Чек дис аут
Search


Бакнежот меѓу Емир Костурица и Моника Белучи е хит на интернетот!

Премиерата на новиот филм на Емир Костурица, “On the Milky Road” ќе се одржи на 9-ти септември во рамките на натпреварувачката програма на Филмскиот фестивал во Венеција.

На интернетот во последниве неколку денови осамнаа инсерти од филмот во кој Костурица ја игра главната улога покрај преубавата италијанска актерка Моника Белучи.

Една од сцените која привлече најмногу внимание е онаа во која Моника зборува српски, а потоа се бакнува со Костурица. Многумина се пошегуваа дека Костурица го снимил овој филм само за да може да ја бакне убавата актерка.

Приказната во филмот е фокусирана на забранетата љубов за време на војната.




Коментари

коментари