Категории

Бакнувањето не прави здрави, убави и слаби – Факти за бакнувањето кои не сте ги знаеле

Ви откриваме нешта за бакнувањето кои ќе ве шокираат и изненадат

Колку години имавте кога го добивте првиот бакнеж? Како и да е, сигурни сме дека тој никогаш не се заборава, а бакнувањето а најпрекрасното нешто на светот. Меѓутоа, колку всушност знаете за него, овие факти сигурно досега не сте ги слушнале.

Бакнувањето го подобрува здравјето
Бидејќи разменуваме бактерии, одбранбените станици во крвта се мобилизираат и се зајакнува имунитетот.

Бакнувањето топи калории
Страствените бакнежи го зголемуваат крвниот притисок и го забрзуваат пулсот. Со тоа се поттикнува работата на крвотокот. Спрема едно истражување, преку бакнувањето се трошат сличен број на калории како при трчањето на 100 метри. Претпоставка е дека треба да се бакнувате најмалку 10 минути.

Бакнувањето разубавува
Преку бакнувањето се напнуваат околу 30 мускули во лицето и вратот а тоа ја растегнува кожата и резултатот е сјаен тен и помалку брчки.

Број на бакнежи
Човек во текот на својот живот споделува околу 100,000 бакнежи.

Светски рекорд во бакнување
Најдолгиот бакнеж на светот траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди. Еден брачен пар толку долго ги држел усните споени на натпревар во 2013 година.

Правилно држење
Две третини од луѓето кога се бакнуваат ја држат главата навалена на десно. Поголемиот дел од луѓето се бакнуваат со затворени очи. А затоа има една едноставна причина – и не е ни малку романтична. Научниците од универзитетот Royal Holloway во Англија откриле дека не можеме да се сконцетрираме на двете сетила – допирот и видот одеднаш, или ни е премногу тешко. Кога нашите очи „работата“, тогаш се намалува чувството за допир, односно осетот.

Кој се бакнува подобро?
Според едно европско истражување, најдобро се бакнуваа французите, потоа шпанците, швеѓаните па италијанците.

Забрането бакнување
Во Американската држава Мичиган, според законот сопругот не смее да ја бакнува својата жена во недела, кој е Божји ден.