Бали Бег стана татко: Фахрие Евџен роди син!

Популарниот турски актер Бурак Озџивит, кого публиката во Македонија и регионот го памети по улогата на Бали Бег, стана татко.

Имено, неговата сопруга, исто така актерка, Фахрие Евџен, на свет донела момче кој го доби името Каран. Како што пренесува турскиот магазин Сабах, момчето е тешко 3.670 гр, а долго 52 цм. Бали Бег бил со својата жена во текот на породувањето и не можел да ги сопре солзите.

За потсетување, Фахрие и Бурак се венчаа во 2017. година и важат за еден од најубавите парови во Турција.




Коментари

коментари