Категории

Нова можност за Балканските стартапи

Најголемиот акцелератор на стартапи во светот, The Founder Institute  ја најавува својата виртуелна акцелераторска програма за стртапите од Балканот, во организација на The Founder Institute Sofija  која ќе се одржи во ноември оваа година.

За можностите на оваа програма, предавачите и досегашниот успех зборувавме со  Janet Todorova која е на чело на одделот за проширување при Founder Institute Sofija.

Janet Todorova, покрај тоа што моментално е на чело на одделот за проширување при Founder Institute Sofija  таа претходно беше еден од директорите на Founder Institute кои ја водеа програмата во Берлин. Janet исто така има  претходно искуство во областа на развој на FinTech производи за платформата Paysafe и во развојот на деловни активности во областа  HRinTech на Honeypot.io кариерна платформа фокусирана на девелопери и нивно поврзување со компании. Таа e голем љубител на науката, технологијата и психологијата и има голема пасија кон тоа да работи на развојот на Бугарскиот Стартап  екосистем. Низ годините Janet била дел од  организирањето  на настани како DigitalK Conference, React.NotAConf  и SHEleader.digital , а денес таа со задоволство зборува за новата акцелераторска програма на The Founder Institute Sofija.

Што можеме да очекуваме од виртуелната акцелераторска програма на  The Founder Institute Sofija ?

Преместувањето во 100% виртуелен формат, овозможува дефинитивно едно поразлично скуство но, суштината останува иста оваа акцелераторска програма  има за цел да им помогне на претприемачите од целиот балкански регион да ги изградат своите компании од соништата и да работат на работи што се важни за нив. Сега, повеќе од кога било, на светот му требаат нови решенија за новата и непредвидлива иднина со која се соочуваме. Ние веруваме дека претприемачите од Балканот се наоѓаат во една специфична позиција, кога несомнено треба целосно да го разбудат својот потенцијал и да работат на истиот, а ние сме тука да ги поддржиме. Сите оние кои ќе бидат дел од оваа програма можат да очекуваат интензивна работа и развој на своите идеи, стартапи и потенцијални предизвици.

Кои стартапи ги таргетирате преку оваа програма?

Оваа акцелераторка програма главно се фокусира на стартапи пои имаат технолошки решенија или развиваат производи и услуги во tech индустријата, повеќе информации во поглед на ова може да се најдат на следниот линк

Кои се вашите достигнувања досега?

Особено не радува тоа што сме препознаени како една од најдобрите акцелераторски програми во светот, а успешно функционираме во 200+ градови, 75+ земји со целокупно портфолио од 4200+ компании како и мрежа од 15 000 ментори. Нашата методологија за тоа како да изградиме успешни tech стартапи, докажано дава одлични резултати, a нашиот структуиран процес функционира насекаде во светот, од Кабул, Авганистан до Силиконската долина.

Што е карактеристично за менторите кои ќе бидат дел од вашата акцелераторска програма?

Она што е особено значајно во поглед на искуството на нашите ментори е тоа што тие самите се основачи на стартапи и нивните совети како и пристап на менторирање сe води од нивните лични искуства, тие имаат за цел да им помогнат на учесниците при развојот на нивните стартапи како на Балканот така и на светско ниво.

Каде би можеле да се пријават сите заинтереисрани?

Топло им препорачувам на сите претпиемачи од Bалканот да се подготват да направат уште еден чекор во вистинската насока и да стекнат поголемо икуство од личности кои навистина можат да има дадат корисни совети и знаење. Пријавувањето трае до 18ти октомври, а сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот  линк 

Прегледи:
183
Објавено на:
28.09.2020