Банана колач без печење, без јајца, без брашно: Омилен десерт на секоја маса (РЕЦЕПТ)

Вегански десерт од само 3 состојки!

Здрав колач кој претставува неодолива хармонија на вкусови, а во главна улога е омилената состојка на многу десерти – бананата!

Овој десерт е идеален за секого – за вегани, за љубителите на свежа храна и за оние кои сакаат здрави колачи.

Се подготвува многу брзо и лесно, па затоа е совршено слатко изненадување за семејството. Еве како се подготвува!

 

Состојки:

  • 2 зрели поголеми банани
  • 1 чаша урми
  • 1 чаша индиски ореви

 

Подготовка:

Во блендер, сомелете ги индиските ореви додека не добиете смеса во прав. Додадете ги урмите кои што сте ги чувале на собна температура. Ако сте ги чувале урмите во фрижидер, ставете ги во микробранова печка 30 секунди за да омекнат. Додадете ги исечените банани па се заедно изблендирајте.

Добиената смеса ставете ја во калап за колачи или во силиконски корпички за мафини.

Колачот чувајте го во фрижидер за да остане цврст и сервирајте го ладен.




Коментари

[fbcomments]