Категории

О2 MR Coffee Bar – Првиот кафе бар на знаковен јазик во Скопје

Еден од најубавите трендови во денешно време е токму инклузивноста, смислата за забава и друштвени кафиња изминативе месеци доби поинакво значење со тоа што Скопје  го доби првиот Кафе Бар во кој кафињата и пијалоците се служат на толковен јазик.

Токму во центарот на градот веднаш до продавницата Шизик на Ризик се наоќа О2 MR Coffee Bar чиј сопстваници се лица со оштетен слух, но големи срца. Овој кфич е дел од Оперативниот план за вработување преку кој се започнати над  220  бизниси  од страна на лица со попреченост. Претприемачкиот дух на сопствениците е отсликан преку целосната атмосфера како и самото искуство кое го доживувате за време на посетата на кафичот. Секој пијалок кој е достапен на нивното мени има свое посебно толкување, а на ѕидовите се прикачени рамки со слики на кој е прикажан знаковниот јазик.

Доколку сте во потрага по ново кул место за дружба кафе, а воедно и прилика да го научите знаковниот јазик наминете во О2 MR Coffee Bar  и уживајте.

Дознајте повеќе за овој кафе бар на нивниот фејзбук профил О2 MR Coffee Bar 

Прегледи:
258
Објавено на:
06.10.2020