Барај луѓе кои ќе те натераат да се вљубиш во животот

Луѓе кои гледаат души наместо тела. Луѓе кои повеќе чувствуваат отколку што зборуваат. 

Барај луѓе кои гледаат подлабоко од изгледот. Луѓе кои гледаат души наместо тела. Луѓе кои повеќе чувствуваат отколку што зборуваат. Умови кои мислат за поголеми нешта од секојдневни трачеви и празни разговори. Срца кои сакаат без да бараат причини, без да имаат услови, правила и прописи.

Барај луѓе кои ги возбудуваат малите нешта, кои умеат да го ценат изгрејсонцето и мирисот на цвеќињата. Барај луѓе покрај кои нема да ти е важно што носиш и како изгледаш, туку како се чувствуваш. Барај луѓе кои ќе те натераат да се вљубиш во животот, повторно и повторно секој ден.




Коментари

[fbcomments]