Категории

Барак Обама облечен како Дедо Мраз ги изненади децата во болницата во Вашингтон

Барак Обама во улогата на Дедо Мраз се појави во државната болница во Вашингтон. На снимките и фотографиите споделени на Твитер се гледа веселата атмосфера и божиќниот дух кој го пренесе поранешниот претседател на САД во оваа болница. Тој им поделил подароци на родителите на децата, танцувал во собите, прегрнувајќи ги најмладите.

„Имав можност да зборувам со некои од овие прекрасни деца и нивните семејства, и како татко на две девојчиња можам само да замислам како е да си во ситуација секојдневно да се справуваш со медицински персонал, сестри, доктори, додека се грижиш за нив, ги слушаш и ги држиш за рака. Тоа е најважното нешто. Ова е одличен потсетник околу поентата на празничниот дух“, изјавил Обама.