Барате место за престој во центарот на Скопје? Ова е вистинскиот избор за вас!

Скопје сѐ почесто претставува дестинација на голем број туристи кои сакаат да го запознаат главниот град на нашата држава. Токму поради тоа, сѐ поголема е потребата од безбедни и луксузни апартмани кои нудат комфор, пријатна атмосфера и ги исполнуваат сите услови и потреби на посетителите.


Во центарот на градот се наоѓа Astera Apart Hotel, создаден да обезбеди удобен престој на сите посетители нудејќи 24 модерни и комплетно уредени апартмани. Овој хотел претставува совршено место за престој за деловни патувања, како и туристичко разгледување на градот или пак одмор и релаксација од секојдневните обврски.

Поради одличната локација на само неколку минути пешачење, достапни се дел од трговските центри во Скопје, Старата скопска чаршија, многубројните знаменитости, автобуската и железничката станица, како и многу кафулиња и ресторани.

 

Во зависност од вашите потреби и можности, Astera Apart Hotel нуди повеќе видови на апартмани кои ќе ве освојат со својот ентериер и комбинацијата на бои кои предизвикуваат вистинско задоволство и релаксација, а покрај тоа, секој од апартманите располага со кујна, бесплатен интернет, подно греење, клима уред, телевизор, приватна бања и приватен паркинг.

Покрај многубројните поволности и удобности, со вашиот престој во Astera Apart Hotel добивате и вкусен појадок, кој изобилува со разновидна храна прилагодена за сечиј вкус составена од разновидни намирници за енергија во текот на денот.

Сите овие услуги го прават Astera Apart Hotel единствен и поинаков од сите останати. Удобност, релаксација, приватност и вистинско опуштање во престојот во градот е она што е загарантирано во секој од апартманите во Astera Apart Hotel.




Коментари

коментари