Категории

Барселона заинтересирана за Италијанецот Де Шиљо

Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците од фудбалскиот клуб Барселона ја следат играта на италијанскиот репрезентативец и играч на Милан, Матија де Шиљо.

Имено, Каталонците планираат да го донесат Де Шиљо во своите редови во јануари, а весникот “Mundo Deportivo” пишува дека спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез веќе бил на Сан Сиро во неделата, каде го набљудувал дербито меѓу Милан и Интер.

Де Шиљо има договор со Милан до јуни 2018 година, а ако не се согласи на продолжување на соработката, Барселона би можела да го добие по пониска цена од реалната.

Италијанецот има 24 години, а неговата пазарна вредност се проценува на 6 милиони евра.

Прегледи:
522
Објавено на:
23.11.2016