Категории

Beauty навики кои морате да престанете да ги правите уште веднаш

Сигурно знаете колку нега и внимание и е потребно на вашата кожа за да ви ја возврати својата совршеност..

Негата на кожата е задача која подразбира посветеност на највисоко ниво. Секојдневно жените ширум светот користат десетици препарати за нега на кожата на лицето и телото. Меѓутоа, постојат навики за кои многу од нас не се свесни и нанесуваат голема штета.
Ви ги изнесуваме некои од најчестите постапки кои можат да ја направат вашата кожа пречувствителна, груба и иритирана.

Нанесување крема за сонце само еднаш дневно
Навиакта на нанесување на крема за сончање е за пофалба, но непотполна ако тоа го правите на дневна основа само еднаш. Наутро кога ќе се подготвите за работа или факултет, доста е веројатно да посегнете по кремот за сонце меѓутоа неговиот ефект не е целодневен поради што е потребно да се повтори оваа постапка.

Ретко чистење на четките за лице
Нередовното чистење на апликаторите и четките за шминкање може во голема мера да допринесе за појава на акни на вашето лице. Се препорачува перење на четките за лице после секоја употреба, во краен случај барем 2 пати неделно со благ сапун или шампон.

Стискање на акните
Сите знаеме колку иритантни можат да бидат и колку е тешко да му се спротивставите на желбата за да ги истиснете, но со самото тоа си нанесувате повеќе штета отколку корист. Акните и мозолките треба да се третираат на одреден начин, кој не подразбира стискање што може да доведе до иритација и лузни.

Консумирање цигари
На страна фактот дека пушењето цигари предизвикува болести како рак на желудникот и плуќата, исто така допринесува и во видно стареење на кожата. Главните одлики на пушачката кожа се сувост и збрчканост.

Прескокнување хидратантна крема
Вистина е дека кога сте уморни и кога после напорниот ден посакувате само топол туш и удобен кревет, лесно е да си дозволите да ја прескокнете хидратантната крема. Водата која ја користите содржи голема количина на хлор што ја исушува кожата па и е потребна поголема хидратација.

Заспивање со шминка на лицето
Кога ќе се вратите од забава уморни, лесно можете да одолеете на тоа не го прескокнете отстранувањето на шминката. Меѓутоа, ако ја оставите шминката на лиццето треба да знаете дека таа ги затвора порите на вашата кожа и тоа создава подлога за развивање на бактерии. Каде има бактерии неминовно има проблеми со акни и митесери.

Прегледи:
600
Објавено на:
16.09.2020