Со преку 50 милиони прегледи видео кое разнежува: Бременоста од гледна точка на бебето

Разван Валентин Калинеску успеа да разнежни милиони луѓе со забавно видео во кое ја прикажува бременоста (среќните моменти, утринските мачнини, гинеколошките прегледи), но од гледна точка на нероденото бебе.

Во видеото, анимираното бебе ја искажува својата љубов кон мајка си, ѝ се извинува за непријатностите и сонува за денот кога ќе се сретнат за првпат.

Видеото, кое достигна над 51 милиони прегледувања и има над 1,737,232 споделувања, несомнено ќе ги насмее трудниците, ќе им врати прекрасни спомени на мајките и ќе ги разнежи оние кои допрва ќе запливаат во мајчинските води.




Коментари

коментари