Бебе родено со 268 грама по 5 месеци пуштено од болница

Пред време родените деца со помала родилна тежина и должина не се ретка појава. Често се случува бебето да се роди пред планираниот термин.

Но, во Јапонија е родено бебе со најмалата родилна тежина во светски рамки. Бебето е родено тешко 268 грама, а неговата должина била помала од дланката на возрасен човек. Бременоста траела само 22 недели. Бебето било поставено на апарати за дишење и секојдневно добивало специјална нега и по 5 месеци престој во болницата е пуштено дома, без здравствени проблеми и со тежина од 3 238 грама.




Коментари

коментари