Категории

Кои се бенефитите од 30 минутно пешачење?

Да бидеме реални-секојдневно трошиме најмалку 30 минути на Инстаграм, Фејсбук, Снепчет и многу други социјални мрежи. Дали сте размислувале што ќе се случи доколку до исклучите телефонот на половина час и го замените со кратка прошетка? Само помислете на бенефитите кои следат после тоа.

1. Ќе согорите 150 калории

Зависно од вашата тежина и брзината со која пешачите, имате можност да согорите околу 150 калории за половина час.

2. Ќе се чувствувате посмирено

Пешачењето во секој случај придонесува да се чувствувате посмирено, без разлика дали се работи за прошетка во локалната улица или најблискиот парк. Но за подлаблоко искуство, понесете ги и вашите слушалки со вас и слушајте музика која ве прави да се чувствувате среќни и мотивирани.

Вашите нозе ќе бидат во топ форма

Само 30 минути се доволни за да ги тонирате и зајакнете мускулите на вашите нозе. За подобри резултати, во вашиот распоред можете да воведете 10-минутно вежбање два пати во неделата. Позитивните резултати се неизбежни.

4. Ќе ја избегнете појавата на варикозни вени

Редовното пешачење уште одамна се докажало за бенефитно со оглед на тоа дека помага при намалување на проблеми со вени. Затоа, обујте ги вашите најудобни патики и излезете на прошетка!

5. Ја подобрува вашата дигестија

После обиленоброк, не се одлучувајте за каучот и попладневна дремка. Наместо тоа, искористете ги тие 30 минути за пешачење, кое дефинитивно ќе ви помогне при регулирање на дигестијата и одржување на нивото на шеќер во крвта.

Прегледи:
510
Објавено на:
22.02.2017