„Бескрајна тага која ќе остане засекогаш“. 11 години подоцна семејството на Тоше открива како е да се живее без него

Вечерва, на концертот кој ќе се одржи во Вип Арената „Борис Трајковски“ во чест на Тоше Проески, публиката ќе ги пее во еден глас неговите познати хитови. Пејачот кој прерано не напушти повторно ќе биде причина за соединување на регионот.

Неговите колеги од сите поранешни држави ќе настапат на концертот во чест на Тоше. Ќе бидат промоврани и песни кои ги снимил на англиски јазик и кои ќе бидат објавени на постхумниот албум под наслов „Secret place“.

Славен Ристески, сопругот на сестрата на Тоше од денот кога загина Тоше ја презема целата одговорност и организација.

„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја ублажува болката. Човек само учи да живее со тагата и грозната вистина. Но, некогаш денот е долг како година“, изјавил Славен за порталот „Новости“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Risteski (@kristijanristeski) on


Тој споменал и дека собата на Тоше и денес, единаесет години подоцна и понатаму е недопрена. „Собата е потполно иста. Тука се сите фотографии, неговата облека, играчките“.

Во чест на Тоше ќе запее и неговиот внук, Кристијан Ристески кој ќе го направи првиот чекор во музичката кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Risteski (@kristijanristeski) on


„Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт кој ги правеше аранжманите за песните кои ќе се најдат на новиот, постхумен албум на мојот вујко. Енди доби идеја да снимам една песна. Долго размислував и се согласив. Одлучив да пејам за мојот вујко. Текстот на песната се роди сам како дело на нашите долги разговори за Тоше, па затоа и носи толку симболичен наслов „Ние сме крв“, открива Кристијан за „Новости“.




Коментари

коментари