Категории

Бесплатен и отворен настан за JavaScript ентузијасти со теми за блокчеин

BeerJS е интересен, бесплатен настан за сите љубители на JavaScript. На своето шесто издание организаторот на BeerJs најавуваат актуелни тема за Блокчеин, овој четврток од 18ч. во Public Room.

Еден од говорниците, Бобан Сугарески, Senior Software Engineer во Slice, речиси 6 години работи во областа на web development и низ годините имал можност да работи со повеќе програмски јазици и технологии. Во Slice работи како а ќе зборува за “Practical Introduction to Blockchain and the New Era of the Internet: Web3”.

Во најава на темата која ќе ја покрие, Бобан зборува дека, “blockchain технологијата целосно ќе го промени начинот на кој гледаме на дигиталниот свет. Криптовалутите се еден од најпопуларните резултати на глобалното распространување на blockchain технологијата, меѓутоа не се и не би требало да бидат единствената примена.

Можноста различни финансиски, административни или социјални процеси да се одвиваат без централна фигура на моќ нуди широк простор за други иновативни решенија. Во тој контекст, темата ќе опфати практичен вовед во Web3 апликации – новата генерација на интернет апликации кои базираат некаква функционалност врз конкретна имплементација на blockchain технологијата.”

Негов совет за сите оние кои започнуваат со учење информатички технологии е да погледнат пред се прво достапните бесплатни обуки и да бидат посветени, трпеливи во процесот на учење. Настанот е поддржан од ИТ компанијата, Slice, а организиран од заедницата на BeerJs е бесплатен и отворен за сите заинтересирани. На овој настан покрај одлични и актуелни теми може да очекувате бесплатно пиво и нетворкинг дружба. Повеќе за настанот, тука.

Прегледи:
111
Категории:
Настани
Објавено на:
27.04.2022