Бесплатни совети кои ќе ви ги каже и вашиот психијатар

Доколку запрашате некоја личност која била на посета на психијатар, што научила од ова искуство, сигурно ќе слушнете барем еден од овие 5 одговори. Тоа не е поради фактот што ги има токму овие проблеми, туку поради тоа што овие совети се универзални и допираат речиси до секого. 

 

5. Најголемиот дел од вашите проблеми доаѓаат од детството. Погледнете ги вашите родители.

Како се однесуваат вашите родители? Кои беа нивните мотиви за тоа? Постојат многу теории кои објаснуваат зошто нашите проблеми потекнуваат од детството. Доколку ги разјасните сите овие прашања и ги сфатите постапките на вашите родители, ќе бидете способни да им простите и тоа ќе биде голем чекор кон прифаќањето на себеси.

4. Проблемите се во вашата глава

Разговорот кој се одвива во вашата глава од видот „Требаше да одговорам на друг начин“ или „Тој го направи тоа бидејќи…“ се апсолутно бескорисни. Ние не можеме да ги објасниме постапките на другите: тие растеле во поразлична околина и имале поинакво искуство од вашето. Токму поради тоа, кога се обидувате да ги разберте реакциите на другите и да сфатите зошто постапиле на одреден начин, се соочувате со проблеми кои самите ги креирате.

3. Зборувај повеќе за своите чувства, не обвинувај

Како може да го избегнеме проценувањето на одредена ситуација? Кога ќе обвините некого, тој се обидува да се заштити. Доколку ги изразите чувствата, им давате шанса да ја поправат ситуацијата, задржувајќи ја својата достоинственост или шансата да го објаснат своето мислење.

2. Напуштете ја комфорната зона

Овој совет е значаен за сите сфери на живеењето. Ако сакате да најдете маж, запознаете луѓе, да ја промените работата, да поминете повеќе интервјуа за работа, да ја пронајдете својата пасија, да правите нешто што претставува предизвик за вас – се што треба да направите е да ја напуштите комфорната зона и да се се отворите за нови предизвици.

1. Поставете граница и не дозволувајте никому да ја премине

Во повеќето случаи, клиентите на психолозите се обидуваат да го најдат решението во својата интеракција со други луѓе, како а пример свекрвата секогаш им оди на нерви, шефот е бесен, тинејџерите се со променливо расположение. Советот кој се дава во ваквите ситуации е дека треба да поставите граница и 50% од проблемите ќе се решат. Доколку игнорирате нечиј лош став, ништо нема да се промени, но ако ги заштитите и обележите вашите граници, барем ќе почнат да ве почитуваат.




Коментари

коментари