Категории

Бетмен стрип продаден за вртоглава цена од 2,2 милиони долари

Обожавателите на стрипови не се шегуваат кога се во прашање колекциите од нивните омилени јунаци. Стрипот на Бетмен беше продаден за 2,2 милиони долари.

Стрипот Бетмен од 1940 година беше продаден на аукција во САД за нешто повеќе од 2,2 милиони долари. Продажбата постави светски рекорд на стрип-аукцијата на суперхеројот Бетмен, објави во четвртокот аукциската куќа Херитиџ Аукции со седиште во Далас. Купувачот сакаше да остане анонимен, изјави портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонски.

Стрипот Бетмен бр. 1 ги прикажува Бетмен и неговиот асистент Робин како летаат на жолта позадина и на црвениот хоризонт на Готам Сити. Во тоа издание кое е во скоро совршена состојба се појавуваат и познатите ликови Џокер, Хуго Стрејнџ и Катмун, соопшти аукциската куќа. Колекционерот го купил тој стрип за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година беше 10 центи. Неговата цена скокна дури и пред аукцијата и од средината на декември пристигнаа повеќе од 24 понуди. Претходниот рекорд за стрипот Бетмен беше поставен во ноември кога Херитиџ го продаде на аукцијата „Детектив стрипс“ бр. 27 од 1939 година во која Бетмен се појавува за прв пат за 1,5 милиони долари.

Прегледи:
48
Објавено на:
16.01.2021