Беверли Хилс е првиот град во Америка кој ја забрани продажбата на тутунски производи

Беверли Хилс е официјално првиот град во САД кој ја забрани продажбата на тутунски производи. До 2021, цигарите, електронските цигари и другите тутунски производи нема да бидат достапни на бензиските и продавниците. 

Според CNBC, на почетокот на јули, советот изласал дозвола Беверли Хилс да биде првото место кое ќе ја забрани продажбата на тутун. Забраната се планира да стапи на сила во 2021. година. „Со дозволувањето на продажбата на тутунските производи во градот го овозможуваме пристапот до овие штетни и опасни производи и не успеваме да го прикажеме градот како еднаа здрава средина“, се вели во соооштението.

Одлуката е контроверзна, посебно во однос на сопствениците на овој бизнис. Тие велат дека ова ќе се одрази на продажбата и отказните решенија за вработените. Со оваа забрана локалните граѓани ќе бидат принудени да купуваат тутунски производи од соседните градови. Исто така, тие ќе започнат даставаат и нафта, храна и основни намирници од таму.

Сепак, членовите на советот се фокусираат на здравјето и здравата околина за луѓето, како и намалувањето на штетните навики.




Коментари

коментари