Категории

Без овие намирници заборавате на губењето килограми

Можеби мислите дека најдобриот начин да ослабете е драстично да ја намалите количината на храна која ја јадете. Тоа е само делумично точно.

Освен самата количина, на создавањето на масни наслаги влијае и видот на намирници кои ги конзумираме. Кога сме гладни, стануваме нервозни и раздразниви а често се завршува на начин да отвориме кеса чипс или да издеме повеќе отколку што ни е потребно.

Кои намирници се најдобри доколку сакате да ослабете?

Треба да го бирате она кое не содржи премногу калории но прави желудникот да биде полн. Драстичниот пад на нивото на шеќер во крвта доведува до малаксаност и пад на нивото на енергија, па организмот чувствува потреба што ппобрзо да надохнади. Па тогаш како да останете сити и вити?

Свеж зеленчук
Многумина немаат навика секојдневно да јадат свеж зеленчук, а тоа е она кое е идеално за оние кои водат сметка за своето здравје и тежина. Не само што содржи клучни витамини, минерали и фитохемикалии, тоа влијае директно и на имунитетот благодарение на влакната кои се најпожелна состојка во диетата.
Свежиот зеленчук би требало да го конзумирате најмалку два пати дневно а идеално би било да комбинирате неколку различни врсти на пр. салата од лук и домати.
Свежиот зеленчук во исхраната треба да биде најзастапен.

Протеини
Јајца, пилешко и риба ќе ве заситат благодарение на протеините. Да не огладнете по само час време од завршувањето на оброкот, потрудете се редовно во својата порција да имате барем некоја од овие намирници. Тие се важни за здравјето на мускулите, коските и ткивото но и за правилна работа на системот за варење.

Интегрални житарици
Заборавете на пекарата и разновидните пецива и лебови кои се прават од бело брашно. Освен што после нив брзо ќе огладнете, многу брзо и ќе се здебелите а тоа е она кое сакате да го избегнувате. Одберете производи од цели зрна а добар избор е зоб, киноа или интегрален ориз.

Јаткасти плодови
Кикири, бадеми, лешници и ореви се како и останатите јаткасти плдоови – високопротеински намирници кои содржат омега-3 масни киселини. Исклучитечно се хранливи и треба да се јадат секојдневно но умерено, поради големиот процент на масти.

Прегледи:
147
Објавено на:
20.11.2020