Без шминка и екстензии, после 20 годишна кариера, пејачката го покажа своето вистинско лице

Кристина Агилера секогаш во нејзината 20 годиша кариера била со големо количество на шминка, но сега имаме можност да ја видиме во поинакво светло. 

За мајската насловна страна на Paper magazine е речиси не препознатлива, со никаква шминка, нокти со едноставен маникир, прстен со испирашано „мајка“ на него, наместо дијаманти и нејзините природни руси прамени кои паѓаат на нејзиното чисто лице.

Изданието го носи насловот „Трансформација“, а во него може да се види повеќе од истото, со исклучок на неколку моменти кога таа е во целосен изглед како за на сцена.

Фотографиите се направени од Zoey Grossman, а доколку не беше испишано името на ѕвездата, тешко кој веднаш ќе погодеше за кого станува збор.

„Секогш сум сакала да експериментирам, ја сакам театралноста, сакам да создавам приказна и да играм улога во видео спот или на сцена“ вели Кристина за магазинот. 

„Јас сум изведувач, тоа сум по природа. Но сега сум во поинакво место, дури и во музиката, каде го имам она ослободувачко чувство, да соблечам и да тргнам се од себе, да се цениш кој си ти и твојата чиста убавина.“ додава таа. 

Сега за сега, воодушевувајте се на природниот изглед на оваа дива, која за прв пат ги покажа своите пеги. Тоа се одредени моменти за неа, низ смеа раскажува дека брзо ќе се врати на шминката, сепак секогаш има некоја приказна да раскаже со нејзиниот изглед. Па така, изданието на Paper е богато и со уметнички кадри со неа, драматични и со шминка, кои ја комплетираат Трансформацијата.

 




Коментари

[fbcomments]