„Без тебе ништо не би било исто“ – Порака до тебе за успешен почеток на неделата

Ти го правиш овој свет малку почудесен и поубав. Без тебе ништо не би било исто и колку да го мислиш спротивното.

Оваа порака е до тебе. Ти кој имаше лоша недела, кој се чувствуваше како да се наоѓаш константно под некој бурен облак. Ти кој се чувствуваш невидливо и не знаеш уште колку долго треба да издржиш. Ти кој си изгубил надеж и верба, кој секогаш се обвинува себеси за се што се случува, ова е за тебе.

Ти си единствен и ти си борец. Ти го правиш овој свет малку почудесен и поубав. Без тебе ништо не би било исто и колку да го мислиш спротивното. Имаш потенцијал да создадеш многу убави нешта, сеуште има надеж и сеуште имаш уште многу шанси. Имаш време, не го заборавј тоа.
Држи се уште малку поцврсто, уште малку подолго, немој да се откажуваш сега.
Те очекуваат многу прекрасни нешта, поубави од тоа што можеш да замислиш.
Ти го можеш тоа!




Коментари

[fbcomments]