Безброј причини за славење на среќата: Ова е местото кое ви нуди сѐ што ви е потребно за вашите прослави!

Причини за прославување на љубовта, среќата и успехот постојат безброј. Но, за да организирате настан или прослава во која ќе уживате, треба да изберете место кое истовремено нуди убавина, комфор и квалитет.

Свадбените прослави се важен настан за младоженците и нивните семејства, а секако многу е важен амбиентот во кој се прославува новиот почеток. Местото кое ќе го изберете за одржување на најважниот ден во животот симболизира нов почеток на вашата љубов, слога… вашата среќа. Хотел Континентал нуди сѐ што ви е потребно за да го доживеете ова незаборавно искуство онака како што доликува. Ако посакувате летна свадба, тогаш ќе се вљубите уште на прв поглед во двете градини адаптирани за одржување на свадби и прослави во зависност од вашите желби и потреби. Беспрекорно мени, романтичен амбиент, совршени детали – сѐ што е потребно за нов почеток и незаборавни спомени!

Доколку пак, сте од оние кои сакаат свадба на затворено, Хотел Континентал ви стои на располагање со своите сали совршени за ваков голем настан. Класичен амбиент, прилагодлив за сите временски услови, а светлата, акустиката во просторот и декорациите создаваат одлична атмосфера и го претвораат ресторанот во совршено место за забава, проследено со вкусна храна од кујната на врвните мајстори.

Кога сме кај прославувањето на најсреќните моменти во животот, секако тука не може да не го споменеме раѓањето на нов живот проследено со традиционалните мекици, како и организирањето на забави поради успешно завршеното образование, крштевки, веридби, или пак едноставно желба да се подели среќата со драги луѓе. Хотел Континентал ќе ги исполни сите ваши желби и за овие среќни моменти. Опуштете се со омилената пијачка и уживајте во добро друштво.

Сите овие поводи каде што се слават среќните емоции треба да бидат одбележани. Но, за да организирате настан или прослава како што доликува, храната е неизоставен дел од сето тоа.

Приготвувањето на храната одзема многу време, особено ако станува збор за поголем број на луѓе. Затоа, најдоброто решение за да ги избегнете сите стресови околу подготовките, е да изберете храна со докажан квалитет од Хотелот Континентал. Хотел Континентал нуди кетеринг со висококвалитетни состојки кои се служат со многу љубов и внимание. Персоналот на хотел Континентал ќе ги задоволи сите ваши потреби во однос на угостителските услуги. Одржување разновидни коктел настани, забави и прослави според вашите желби и потреби.

Кога станува збор за деловниот аспект од нашето живеење,особено е важно луѓето да се состанат и да дискутираат на важни теми од бизнис сферата носејќи клучни одлуки и решенија.

За сето ова, неопходна е потребата од конференциска сала, која со својата опрема и капацитет ќе ги задоволи потребите како на помалите така и на поголемите компании.

Без разлика дали станува збор за презентација, конференција, прес-конференција, деловен настан, семинар или состанок, за да вроди со успех и да се постигне посакуваната цел, потребна е конференциска сала која ги исполнува сите услови. Хотелот Континентал располага со дури шест сали, а во зависност од природата на вашиот настан, тие се прилагодуваат на бројка од 20 до 440 гости на простор од 1500 метри квадратни.

За вашиот следен настан, слободното време зачувајте го за себе и подгответе се да заблескате, а за целокупната организација околу него контактирајте ги Хотел Континентал и уживајте во вашите среќни моменти. Традиција пренесена во модерниот начин на живеење – Хотел Континентал најдобри уште од 1972!




Коментари

коментари