Категории

“Безобразно ” – летна и жешка авантура на Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата сцена,  песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја промоција , во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува двајца дечковци.

Приказната има интересен сплет и убави моменти, а тоа што е безобразно ќе го дознаете кога ќе го погледнете видеото.

„Спотот е сниман уште пред да започне пандемијата , но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине . Се снимаше во Охрид во преубав и атрактивен хотел“ – велат Роберт и Дејан.

Текстот е на Дејан и Роберт , музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.

За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ ,која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоу биз како кај нас така и во соседството.

Во видеото женската улога и припадна на младата и убава манекенка Елена Ѓорговска .

„Наскоро може да очекувате нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето“ – низ насмевка ни порачаа Wolf i Deks .

Линк од видео записот и спот :

Прегледи:
748
Категории:
Видео · Шоу-бизнис
Објавено на:
27.07.2020