Безвременски модни совети кои морате да ги знаете и практикувате

Тие важат секогаш и во секое време

Сигурно најчесто ве интересираат модните совети за тоа што ќе биде актуелно во сезоната која доаѓа, и кои модни правила треба да ги почитувате за да бидете секогаш во тренд, но постојат некои од нив кои важат апсолутно секогаш во секое време.

-Немојте да купувате нешто затоа што е модерно, купете го само затоа што добро ви прилега.

-Немојте да жалите да инвестирате во основни и класични парчиња, додека за парчињата кои се минлив тренд, вреди да бидете по „скржави“.

-Ако нешто обожавате да го носите и добро ви прилега, купете го во уште една боја.

-Кога купувате функционални парчиња, земете го во предвид стилот.

-За промена, пробајте нешто поинакво и невообичаено.

-Ако никако не сте задоволни од својот изглед и не успевате да откриете што точно ви прилега, посетете стилист или копирајте го изгледот на познатите личности кои имаат слична градба и изглед како вашиот.

-Облеката која не ја носите но е здрава и зачувана, подарете ја во добротворни цели.

-Се што носите, носете го со самодоверба. Држете се исправено и гордно. Дури и најубавите парчиња облека ќе изгледаат грдо и непривлечно на личност која нема самодоверба и чекори подвиткано.




Коментари

[fbcomments]