Бидете активни, здрави и среќни со PowerHouse Pilates: Секој вторник во Градски Парк рекреативно дружење!

Од 14 мај 2019 година, па сѐ до 11 јуни 2019, секој вторник со почеток во 11 часот во Градскиот парк на „Школка“ тимот на PowerHouse Pilates ќе се погрижи за активноста и рекреацијата на пензионерите кои имаат желба за дружење, забава и интересни вежби кои ќе влијаат позитивно врз нивното здравје. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот е дисциплина која не познава старосни граници и е погодна за сите возрасти. Токму затоа, најдобриот пилатес центар кај нас, PowerHouse Pilates подеднакво се грижи за физичката кондиција и здравјето на сите граѓани без разлика на нивната возраст и затоа своите вештини секој вторник ќе ги презентира на „Школка“.

Агенцијата за млади и спорт заедно со нејзиниот поддржувач Халкбанк АД, Скопје, секој вторник во горенаведениот период ќе организира настани со забава и многу низа активности, како и информации наменети конкретно за пензионери, сѐ со цел вежбањето, дружењето и здравите активности да прераснат во навика и начин на живот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


БидиАктивен (European Week of Sport – EWoS), иницијативата на Европската Комисија преку проектот, „Европска недела на спортот“ кој Агенцијата за втор пат ќе го реализира оваа 2019 година има за цел да ги мотивира граѓаните од различна возрасна категорија и ниво на фитнес да бидат здрави и активни, но и да воведуваат здрави навики во нивниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Бидете во Градски Парк на 14 мај и резервирајте го вашето време секој вторник за пилатес, дружење, забава и квалитетно исполнето време со PowerHouse PIlates!




Коментари

коментари