Категории

Бидете благодарни за нештата кои сега ги имате, а некогаш толку сте ги посакувале

Не е лошо да се посакува повеќе, но лошо е кога тоа што моментално го поседуваме и оние достигнувања кои се зад нас, ги сметаме за недоволни. 

Сетете се кога последен пат сте оствариле некоја цел без наредниот ден да размислувате која е вашата следна дестинација. Тенка е линијата помеѓу амбициозноста, желбата за подобар живот и неблагодарноста. Не е лошо да се посакува повеќе, но лошо е кога тоа што моментално го поседуваме и оние достигнувања кои се зад нас, ги сметаме за недоволни. Недоволни за среќа, за успех, за пофалби, за слава.. Треба да се тежнее кон напредокот, подобро утре, но никако по цена на омаловажување на она што се наоѓа зад нас.
Напротив, треба да научите да живеете како животот кој го живеете сега е оној кој ќе го живеете засекогаш. Да пронаоѓате задоволство во секојј ден и радост во она што ви го носи сегашниот миг, а задоволство во сето тоа што допрва доаѓа.

Немојте да ги мешате сегашноста и иднината, немојте да ставате огромен притисок на својата сегашност размислувајќи што се сеуште не сте постигнале, а сте сакале да постигнете во иднина. Тоа е како паралелно да живеете во два различни светови, а така никогаш нема да пронајдете задоволство во она кое го имате. Така никогаш нема ништо да ви биде доволно добро.

Не постои ништо полошо од заборавањето дека некогаш толку сме посакувале нешто па откако се остварило, тотално сме го заборавиле тој успех.
Ако сакате да пронајдете среќа, поголем успех, да изградите подобри односи, запомнете дека ништо од тоа нема да го пронајдете во некое идно време. Живејте за денес, за сега, со поглед и мисли спрема напред, но благодарни на сето она што било и сето она што го имате во овој миг.

Прегледи:
439
Објавено на:
30.05.2020