Бидете дел од работилниците на Креативна Македонија под мотото „Создади наследство, научи занает“

Сите креативни луѓе кои сакаат да научат занает, сега имаат можност да го покажат и усовршат својот талент!

Креативна Македонија продолжува со вашите омилени работилници под мотото „Создади наследство, научи занает“ бр.2. Предавачите кои се мајстори во своите занаети се тука да ве воведат во своите техники и да ви ја пренесат љубовта како и целокупното знаење и искуство собирани долги години.
„Потребно е само една искра да се потпали креативната нишка и од вас да “врисне” креативецот, кој долго сте го потиснувале или заборавиле. Целта што ние си ја задаваме е “фрлањето” на таа искра.“, велат од Креативна Македонија. Во продолжение погледнете ја целосната агенда:

Сутаж на 15.09.2019 година

Ако некогаш сте се запрашале кој е најраскошниот накит што ги красел руските аристократки, царици и кнегињи, како и прекрасните украси на царските парадни униформи – да тоа се изработки во техниката сутаж.
Работилницата ќе ја води сутаж маjсторот Билјана Тодоровска Biljana’s handmade jewerly, чии што изработки покрај тоа што ги красат убавите дами низ светот, се издигнати на ниво на уметност и презентирани на повеќе заеднички и самостојни изложби.

На 24.09.2019 година, квилинг мајсторот Карло Педрони Karlo Quilling Pedroni ќе ве научи како да изработувате Квилинг или филигран од хартија. Техника со која може да изработувате мали практични предмети, честитки за секакви прилики, но и грандиозни уметнички дела. Неговите ученици, преку своите дела, можат да Ви доловат колку оваа техника е инспиративна, креативна и погодна за сите возрасти.

На 28.09.2019 учиме везење. Да, добро прочитавте! Оние кои биле на нашите работилници знаат за какво везење станува збор. Почнуваме со игла, конец и ѓерѓев, завршуваме со ланче или друг готов производ . Мајстор на својот занает и Ваш водич на ова патување е нашата Бетул Истенгир Hooptherapy Skopje

Октомври го отвараме со еден новитет. Тоа е работилницата за техниката спирален Пејот ( Ќостек) која ќе се одржи на 03.10.2019 год. Оваа техника на специфично нижење на мониста, со различни големини, навидум слична, но со различни имиња, потекнува уште од античкиот Египет, а дела изработени во оваа техника ги краселе и домородните американски племиња. Колку бил застапен во нашата култура и традиција говорат преубавите носии и украсите што се користеле. Ќостекот од кого и техниката го добила името) се користел како ороводник. Во тајните на оваа техника ќе ве воведе искусниот мајстор Надица Перчаклиева Nena Design.

Направете го привиот чекор, ослободете ја вашата креативна страна и уживајте во учењето на нови вештини! Верувајте ни резултатите ќе ве воодушеват!

Цените за учество на обуките се следните: Сутаж 1500 денари, Квилинг 1200 денари, Везење 1400 денари и Ќостек 1500 денари. Во цената е вклучено: потребни материјали и алатки за работа кои понатаму остануваат за вас, изработениот производ, освежување и сертификати.

Пријавување на info@creativemacedonia.mk или на тел 070 801 661.




Коментари

коментари