Бидете фит ова лето со помош на табата тренингот!

Табата тренингот се состои од вежби кои нема да ви одземат многу време, а ќе имате видливи резултати. 

Програмот вежби го создал Изуми Табата од Токио. Тој открил дека големата издржливост, зајакнувањето на мускулите и согорувањето на мастите може да се постигнат со помош на вежби кои траат по 20 секунди, а потоа се прави пауза од 10 секунди.
Овој вид на тренинг, како што истакнува Изуми, дава многу видливи резултати. Намалувањето на масните наслаги кое се постигнува со овој тренинг е слично како и кај кардио тренингот. Со овој тренинг се подобрува циркулацијата, како и работата на срцето.
Благодарение на поголемиот број на повторувања и кратките паузи, до мускулите има поголема циркулација и последователно се зголемува нивната јачина.
Овие вежби се изведуваат во 8 серии, а пред нив е потребно загревање од 5 минути. Исто така, важно е да се напомене дека вежбите се исклучително напорни и потребно е постепено да се воведуваат, за да се избегнат повреди.
Серијата трае 20 секунди, по што следи одмор од 10 секунди.

Табата тренинг:
-Со едната рака подигнувајте тегови: 4 пати со левата па 4 пати со десната рака, во траење од 20 секунди, па 10 секунди одмор
-Чучњеви: максимална брзина во траење од 20 секунди, 10 секунди одмор
-Склекови: максимална брзина во траење од 20 секунди, 10 секунди одмор
-Стомачни: максимална брзина во траење од 20 секунди, 10 секунди одмор

Повторете ја целата процедура 8 пати.




Коментари

коментари