Категории

Бидете креативни! 10 начини како да ги искористите калапите за лед

Калапите за лед можат да се искористат за замрзнување на различни намирници, а не само за лед. А во нив дури можете да подготвите и суши или да ги зачувате зачините свежи.

  1. Коцки од чоколадо

Откако ќе го стопите чоколадото во сладок крем, претурете го во калапите за лед и замрзнете го. На овој начин имате инстант ладно какао или чоколаден напиток (во зависност од тоа колку коцки ќе ставите во млекото).

2. Направете суши

Ако сакате да јадете суши, а немате многу искуство во правењето, послужете се со калапите за лед. Со помош на малите калапи на едноставен начин ќе добиете вкусен оброк.

3. Вино

Доколку ви останало уште малку вино, не го фрлајте. Замрзнете го во калапот за лед и користете го за подготовка на вкусен гулаш и варива.

4. Цвеќе во ледени коцки

Изненадете ги своите гости со креативноста. Наберете убаво ситно цвеќе, измијте го под слаб млаз на вода и замрзнете го. Ваква коцка лед ќе го разубави секој пијалак.

5. Тесто за колачи

Заштедете време кога ви се јадат домашни колачи. Наместо да правите се од нула, направете тесто за колачи, поделете го на коцки и замрзнете го во фрижидерот. Секој пат кога ќе добиете желба за нешто благо, одмрзнете неколку коцки и испечете колачи.

6. Чоколадни тартуфи

Калапите за лед се многу практични за правење тартуфи. Најпрво калапот треба да го обложите со течно чоколадо и набрзнина да го замрзнете, а пота наполнете го по желба.

7. Остатоци од сосови и супа

Понекогаш во подготовките за ручек знаеме да направиме повеќе отколку што е потребно сос или супа. Нема потреба да ги фрлате. Замрзнете ги остатоците во мали коцки и подоцна можете да ги послужите со новиот оброк как надополнување.

8. Свежи зачини

Во текот на летото се достапни разни свежи зачини, кои можете да ги зачувате и зза зима ако и замрзнете во маслиново или обично масло. Овие ароматизирани коцки можат да се состојат од еден или повеќе зачини, како першин, босилек или било кој друг зачин кој го користите.

9. Желе

Направете класично желе и замрзнете го во калап за лед. Освен што ќе го оладите пијалакот, тоа ќе биде и вкусен сладок залак на дното на чашата.

10. Миризливи коцки за одвод

Се што се наоѓа во овие смрзнати коцки е оцет и лимон. Коцките со оваа замрзната мешавина ставете ги во одводот по готвењето и миењето на садовите и повеќе нема да ви пречат непријатните мириси.