Категории

Бидете нежни – Секој човек води некоја битка во себе

Бидете нежни и добри спрема другите, никогаш не знаете со што се соочува таа личност внатре во себе

Не знаеш колку рани и лузни има таму на местото на кое никој не го гледа. Никогаш не знаеш колку малку љубов го угреала тоа место поради кое таа личност донесува такви одлуки кои никако не можеш да ги разбереш. Погледни ги луѓето во очи и ќе сфатиш дека ништо не ти е јасно.

Никогаш не ги потценувај битките кои луѓето ги водат во себе затоа што не знаеш со колку стравови и сомнежи се соочуваат, колку демони има во нивната душа и колкав пекол беснее во неа. Не знаеш низ која казна поминува таа личност било поради својот начин на размислување, чувствување или делување. Не знаеш низ колку невозвратена љубов поминала или колку претрпела поради неа.

Луѓето остануваат во својата безбедносна зона затоа што поминале низ пекол во светот околу себе и после се се плашат да ја подадат главата надвор. Имај го тоа на ум секогаш кога за некого ќе помислиш дека е кукавица или вреќа полна со комплекси. Од каде ти е тоа право да му судиш на нечии лоши избори кога не знаеш колку тие се производ на некои фрустрации, незадоволства или нешто трето, само не резултат на каприците како што си претпоставувал.

Покажи разбирање спрема другите, тоа е најдоброто што можеш да го направиш на овој свет. Таму каде што другите се расфрлаат со навреди ти покажи блажина и нежност. Симни ја таа киселост од лицето и насмевни се кога ќе го погледнеш некого. Можеби ќе станеш единствената светла точка во неговиот живот, можеби ќе му дадеш надеж и ќе му помогнеш многу повеќе отколку што мислиш.

Прегледи:
540
Објавено на:
06.03.2020