Категории

Бидете посилни од вашите грижи и уживајте во својот живот!

Грижата е војна против слободата затоа што наместо да уживаме во животот, донесуваме одлуки врз основа на она што ни го зборуваат нашите стравови.

Грижи – тоа е само безизлезно размислување, тоа е мачење на себеси или попрецизно – убивање. Замислете играч кој излегува на терен и размислува дека ќе изгуби, а искуството веќе стотина пати му покажало дека има предиспозиции за победа. Таквиот играч може да направи само едно – да го напушти теренот и со својата одлука да доживее пораз.

Грижите се борба против здравиот разум затоа што не уверуваат во нешто кое веќе сме го искусиле и сме се увериле дека шансите се доста мали сето тоа да се случи, но ние сепак тоа сценарио го вртиме во својата глава затоа што не веруваме во својот разум. Грижата е војна против сопствените чувства затоа што со неа го будиме најлошото во нас и дозволуваме тоа да не уништува и истовремено да не манипулира.

Грижата е војна против иднината затоа што се што сакаме да имаме во неа, да достигнеме и доживееме го прекинуваме уште на самиот старт. Таа е војна против слободата затоа што наместо да уживаме во животот, донесуваме одлуки врз темен на она што ни го зборуваат нашите стравови.

Прераснете ги своите грижи, покажете им дека сте многу посилни од нив. Единственото нешто против кое вреди да војувате е против грижите и тоа со вербата за подобра иднина. Секој ден свесно слободно да ги изберете позитивните мисли и со нив да го одржувате својот ентузијазам и енергија. Бидете посилни од нив, победете ги и уживајте во својот живот!

Прегледи:
420
Објавено на:
11.04.2020