Бидете претпазливи – Ова се најчестите нездрави навики кои луѓето ги практикуваат кога се дома

Безбедноста од коронавирусот е висока доколку седите дома, но внимавајте и на овие нездрави навики кои можат да влијаат негативно врз вашето здравје

1.Не се грижите за вашиот неред и натрупувањето на обврските
Сега кога вашиот дом стана воедно и ваше работно место, теретана, место за одмор и медитација, нередот на кој иначе не сте обрнувале внимание може негативно да влијае врз вашето ментално здравје. Секоја вечер пред да одите на спиење, издвојте околу 10 минути да го расчистите нередот.

2.Не се грижите добро за чистотата
Важно е да орнете внимание на деталното чистење на површините затоа што бактериите најдолго се задржуваат врз тие места. Иако научниците сеуште проучуваат за Covid-19, истражувањата открија дека вирусот може да живее на површините од пластика, не’рѓосувачки челик, и бакар.
Кујнските плочи, кваките од вратите, оградата на скалите или играчките – сите тие површини се место каде коронавирусот може да се задржи со денови:

3.Не ги соблекувате обувките откако ќе влезите во домот
Соблекувањето на чевлите е корисна мерка на безбедност за да не ширите микроби и бактерии во својот дом.
На чевлите во просек се наоѓаат 421,000 бактерии на надворешната страна, додека во внатрешната околу 2,887.

4.Не се поместувате од каучот
Самоизолацијата звучи како одличен изговор за да надополните од пропуштените серии кои не сте ги погледнале. Но излежувањето на каучот може да влијае на менталното здравје.
Постојат големи изгледи за развој на депресивни симптоми кај луѓето кои секојдневно поминуваат повеќе од шест часа гледајќи телевизија и користејќи компјутер.




Коментари

[fbcomments]