Бидете сè само никогаш не дозволувајте да бидете просечни!

Не чекајте вистински прилики, барајте ги и создавајте ги!

Ако сакате да бидете успешни во својата работа, треба на другите да им оставите впечаток на успешност. Треба да имате самодоверба, став и да покажете дека во ској миг владеете со своето подрачје.Некои тоа го нарекуваат „X-фактор“, но всушност се е многу поедноставно од тоа. Во вас треба да постои страст и ентузијазам која ве издвојува од другите и предаденост која ве издигнува над просекот. Ако ја немате таа искра во себе, другите ќе заклучат дека сте „само уште една“, „заменлива“, „просечна“ личност без оглед на тоа колку внимателно работите.

Ако не сакате да бидете гледани како просечни, треба да имате преговарачка моќ во секој разговор, да го вложувате сето свое знаење и вештини, но исто така и самодоверба толку што на другите ќе им падне тешко доколку ве изгубат.

Ако утринското жалење покрај пиење кафе со колегите ваша главна рутина во работниот ден и коментарите кои ги изговарате не содржат ништо друго освен жалење, запрашајте се дали исто така звучи една успешна личност која вие би ја сакале во својот тим?
Наместо да ја трошите вашата енергија во жалби и изигрување жртва, размислете за сето она кое ве тишти конструктивно и обидете се да дојдете со потенцијални решенија. Предизвикајте се себеси да го направите тоа, резултатите ќе бидат драстично поинакви.
Успешни луѓе се оние кои решаваат проблеми, а не оние кои кукаат и со тоа создаваа проблеми, на себеси и на другите.

Не чекајте вистински прилики, барајте ги и создавајте ги!

Голем дел од луѓето секојдневно доаѓаат на работа, ги чекаат своите упатства за да започнат со работење во надеж дека ќе „издржат“ уште еден ден на работа и поради тоа ќе бидат промовирани. Деловниот свет не функционира на тој начин. Се бараат исклучителни луѓе кои вложуваат неизмерен труд и покажуваат дека се подготвени за следниот предизвик.
Наместо да чекате вашето повишување на падне од небо, активно вклучете во работата за да го постгнете и со додатен труд докажете дека сте повеќе од она кое што може да се очекува од вас.

Просечните луѓе никогаш не превземаат одговорност, не гледаат дека самите ги создаваат своите можности, не го изразуваат своето мислење и не предлагаат решенија и затоа не одат никаде. Превземете контрола над својата кариера и покажете им на сите дека сте далеку над просекот.




Коментари

[fbcomments]