Категории

Бидете скромни – Добрината секогаш победува а злото секогаш губи

„Се што тече, на крајот се влева во морето затоа што тоа се наоѓа на најниска висина. Неговата моќ е во неговата понизност.“

Лао Це е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можеме да научиме многу просветлувачки животни лекции. Тој е автор на делото “Tao Te Ching” и основач на таоизмот. Бил централна фигура во Кина со векови а ова се неговите најпознати зборови.

1.Веќе го поседувате одговорот на сите животни прашања
Во средината на вашето битие лежи одговорот на сите прашања; знаете кој сте и што сте.
Да ги познавате луѓето е знак на интелигенција; да е познавате себеси е знак на вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила; владеењето со себе е вистинска моќ.
Кога ќе се ослободам од она што сум, станувам она што би можел да бидам.

2.Кога ќе се препуштите, тогаш се ослободувате
Ако сакате да станете целина, дозволете си на себеси да бидете непотполни. Ако сакате да бидете исправени, дозволете си на себеси да се искривите. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си на себеси да бидете празни. Ако сакате повторно да живеете, дозволете си на себеси да умрите.

3.Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа
Оној кој се дефинира себеси, неа никогаш да знае кој е всушност.
Оној кој има моќ над другите, нема моќ над себе.
Оној кој се обидува да заблеска ја пригушува сопствената светлина.

4.Злото умира кога се игнорира
Не давајте му ништо на злото на кое ќе може да се насочи и тоа ќе исчезне само од себе.

5.Добрината секогаш победува а злото секогаш губи
Од добрите зборови произлегува довербата. Од добрите мисли, продуховеноста. Од давањето добрина произлегува љубов.
Да бидеш длабоко сакан ти дава сила, а да сакаш некого длабоко дава храброст.

6.Бидете она што сте
Ако ви е навистина грижа за одобрувањето од другите, тогаш вие сте нивен заробеник.
Ако сте задоволни со она што сте без да се обидувате да се натпреварувате и споредување со другите, сите ќе ве почитуваат.

7.Бидете скромни и ќе станете мудри
Мудриот човек е ној кој знае што не знае.
Се што тече, на крајот се влева во морето затоа што тоа се наоѓа на најниска висина. Неговата моќ е во неговата понизност.