Категории

Бидете спонтана и ќе бидете омилена

Ако забележите дека се потешко остварувате нови познанства тогаш се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од корист.

Психолозите одамна утврдиле дека прифаќањето на некои личности од страна на луѓето најмногу зависат од тоа како таа личност се однесува во друштво.

Според резултатите на бројните истражувања, луѓето најмногу сакаат да поминуваат време во друштво на насмеани и непосредни личности.

Или со други зборови спонтаните луѓе се омилени во секое друштво.

1. Пред се засакајте се себе си

Да се сакате себе си е основен предуслов за успешен социјален живот иако тоа често звучи само како фраза.

Луѓето кои имаат самодоверба и се горди на сами себе се привлечни. Но секако сето тоа треба да биде во границите на нормалата бидејќи никакво претерување не е добро.

2. Научете да примате љубов

Без разлика на тоа колку сте независна некогаш помошта од другите е неопходна.

Дозволете им на луѓето да ви помогнат бидејќи тоа не значи дека сте помалку успешна.

Бидете достапна за другите и тоа ќе направи да се чувствувате подобро.

3. Совладајте го стравот

Ако се плашите од одбивање и разочарување знајте дека тоа е сосема ОК. Кај сите луѓе постои тој страв. Но никогаш не му дозволувајте да ве ограничува во доживувањето на емотивните и пријателските врски.

4. Освојте ги луѓето со насмевка

Елиминирајте ги мислите дека сите мажи се исти и дека секоја ваша врска однапред е осудена на пропаст. Негативните врски водат кон негативен резултат. Ако луѓето забележат дека постојано сте намуртена, загрижена и лута ќе ве избегнуваат.

Многу е подобро да се радувате на ситници. Дотерајте се и излезете со пријателите, ако не сте во врска флертувајте се што треба е да ја ставите насмевката на вашето лице и да освојувате.

Прегледи:
284
Објавено на:
23.08.2016