Бидете внимателни: Овие 3 хороскопски знаци се подготвени да изневеруваат ова лето

Претстојното лето ќе биде полно со предизвици за неколку хороскопски знака. Тешко е да се одбегнат некои летни авантури, па затоа бидете внимателни.

Близнаци

Дволичните Близнаци се први на листата. Овој воздушен знак ќе ги стекне првите пријателства уште на пат кон плажата, а таму ќе се претстави како главен ловец. Ако го чекате дома, најдобро би било да излезете и да се забавувате за да не се прашувате што прават вашите Близнаци.

Риби

Да, и овие нежни и емотивни души знаат да изневерат. Како и Близнаците, така и Рибите имаат дуална природа. Или сте налетале на вистински светец или на грешник кому му нема рамен, а ако вашиот партнер е од вториот вид, бидете уверени дека нема да се врати со чиста совест од одмор или од деловно патување.

Лав

Кралевите на егоцентричноста, Лавовите, нема да си дозволат да се вратат од одмор без доказ дека биле главни на плажа. Со оглед на тоа што немаат силен морал кога се во прашање тие самите (не кога е во прашање партнерот и тешко на оној кој ќе ги изневери), најверојатно ќе се утешат себеси со зборовите „она што не го знае партнерот, не може ни да го повреди), па така охрабрени на плажа ќе заведуваат сè додека не го уловат трофејот од кого им зависи самодовербата.

Извор : Убавина&Здравје.мк




Коментари

коментари