Категории

Биди и ти нечиј Дедо Мраз: Црвен крст на град Скопје ја постави „Волшебната елка на желби“

Новата година со себе носи нови желби, предизвици и соништа, а оние на децата се најискрени. Токму за нив, во соработка со Рамстор Мол и ЈУ Центар за социјална работа, Црвениот Крст на град Скопје по 10-ти пат ја организираат „Волшебната елка на желби“.

Оваа година 120 деца сместени во згрижувачки семејства ги запишаа своите новогодишни желби на наменски изготвени картички во форма на лампиони и заедно со волонтерите на Црвен крст на град Скопје ги закачија на големата елка која е поставена на влезот на Рамстор.

Идејата е сите хумани граѓани, општествено одговорни компании, поддржувачи на активностите на Црвениот крст да го посетат трговскиот, да одберат лампион и да израдуваат некое од децата.

Подароците се оставаат на пултот за информации кај маркетот во Рамстор или пак во просториите на Црвен крст на град Скопје.

Сите заедно можеме да допринесеме за насмевките на овие деца и празниците да им ги направиме магични и незаборавни.

Прегледи:
908
Објавено на:
13.12.2018