Категории

Бијонсе, Енрике, Џеј Ло и Елтон Џон на свадба кај руски милијардер

Рускиот милјардер Михаил Гуцеријев издвои вистинско мало богатство за венчавката на својот син Саид и неговата избраничка Хадиџе (19).

Сопственикот на нафтената компанија „Руснјефт“ инаку 16-ти на листата на најбогати во Русија организираше свадба за која ќе се зборува со години, а тешко дека некој ќе ја повтори.

Младите уживаа во настапите на најголемите светски ѕвезди и тоа Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Стинг, Бијонсе и Елтон Џон. Настапот на Елтон Џон чинел седум милиони евра, а на Џенифер пет.

– Младите се од многу добри и почитувани семејства. Свадбата беше многу убава, во воздухот имаше многу убава енергија, а водителите направија се да се почитува традицијата и обичаите. Им посакав од се срце заедничка иднина, многу деца и да ги почитуваат своите родители – напиша на инстаграм претседателот на Ингушетија Јенус Бек Јевкуров.

Невестата е студентка на московскиот стоматолошки универзитет „Евдокимов“ а на свадбата носеше фустан изработен од познатиот креатарор Ели Сааб, на кој имало дијаманти и бил тежок 25 килограми.

Прегледи:
406
Објавено на:
28.03.2016