Категории

Бившиот дечко на најдобрата пријателка – „Забрането овошје“ или сепак не?

Многу девојки не ни помислуваат да се впуштат во врска со поранешниот дечко на својата најдобра пријателка, но за жал тоа се случува. Едно истражување се бавеше со овој проблем и еве што ни донесува..

Платформата за запознавање „Plenty of fish“ истражуваше помеѓу своите корисници дали би биле со бившите партнери на своите најдобри пријатели.
Иако поголемиот дел од испитаниците се изјаснија дека бившите партнери на своите пријатели се „забрането овошје“, скоро 1/5 сметаат дека тоа го практикуваат понекогаш.
Дури 77% од испитаниците сметаат дека не е во ред да бидат со поранешниот партнер на некој кој се смета за нивен пријател и доколку тоа би се случило тие прво би побарале дозвола пред да се впуштат во било што. Истражувањето покажа дека 33% од мажите сметаат дека не би било во ред да направат такво нешто.

Доколку се најдете во ваква ситуација, од ПОФ советуваат дека треба да бидете внимателни и прво најважно нешто е да го зачувате пријателството така што вашата пријателка ќе биде прва која ќе дознае за тоа и најдобро е да побарате нејзино согласување, но и покрај тоа потврдниот одговор би можел да биде и потисната лутина.